Еве зошто треба да ставите паричка во замрзнувач пред да одите на одмор: Малку познат трик кој го воодушеви целиот интернет

Добивај вести на Viber

Доколку размислувате да одите на одмор и да оставите храна во замрзнувач, треба да обрнете внимание на одредени детали. Имено, постои едноставен трик кој ќе ви каже дали е безбедно да ја консумирате храната што сте ја оставиле, бидејќи понекогаш, кога сме далеку од дома, снемува струја, а не знаеме. Ова може да доведе до одмрзнување и расипување на храната во замрзнувачот.

А една жена смислила генијален трик за да ја провери храната во замрзнувачот, а сè што ви треба е чаша вода и паричка!

Тоа е исклучително лесен експеримент - ако паричката замрзне, тоа е добар знак - вашиот фрижидер може да ја одржува вашата храна добро разладена и замрзната. Ако паричката не замрзне, веројатно ви треба нов уред.

- За оние кои одите на одмор, само што слушнав одличен совет. Тоа се нарекува трик со една чаша. Ставете чаша вода во замрзнувачот. Замрзнете ја цврсто, па ставете паричка врз неа и оставете ја во замрзнувач. На тој начин, кога ќе се вратите откако сте биле на одмор, ќе можете да видите дали вашата храна се расипала и само повторно се замрзнала или останала замрзната додека ве нема, напиша таа на Фејсбук.

Ако паричката паднала на дното на чашата, тоа значи дека целата храна е одмрзната и треба да се фрли. Но, ако паричката е на врвот или на средината на чашата, вашата храна е сепак во ред.

Извор: zena.blic.rs