Евгенија Колев ќе стане повторно мајка: Згодната моделка ја откри тајната што ја криеше
Ретко која мајка брзо се враќа во формата која ја имала пред да се породи. Но, со ова може да се пофали познатата моделка Евгенија Колев.
Таа е млада сопруга, мајка на синче, студентка, модел, а сега ни откри уште една тајна.
Ќе биде повторно мајка, a во таа улога според она што го најави ќе се оствари во септември.
„Чувавме тајна. Во септември ни пристигнува бебе 2“ - напиша Евгенија на Инстаграм.
Како што открива, Евгенија продолжува со вежбањето и одржувањето на фигурата. Во 21 недела од бременоста е , а вели дека вежбањето ѝ станува се потешко.
„Телото се менува, но го сакам“ - напиша Евегнија покрај фотографијата на Инстаграм стори.
Нејзините почетоци како модел се во модно студио Црнокрак, а подоцна во агенцијата Models In. Во 2017 победи на изборот за убавина Miss Mediterranean. Интересен факт за неа е дека зборува кинески јазик. Беше запишана на универзитет во Шангај и таму студираше кинески јазик 1 година, а потоа го продолжи образованието тука, во Македонија.
За Женски магазин, Евгенија ни открива како е да се биде во истовреме мајка, студент и модел, а за тоа и многу интересни прашања читате во редовите подолу.
Нема играчка која ќе го замени вниманието на мајката во очите на детето, но не треба да се запоставуваме и себеси: Евгенија Колев за Женски магазин
Млада Македонка за стриите кои ги добила од бременост: „Моето тело можеби не е совршено, но кога ќе се погледнам во огледало гледам мајка“