Млада Македонка за стриите кои ги добила од бременост: „Моето тело можеби не е совршено, но кога ќе се погледнам во огледало гледам мајка“
Евгенија Колев е млада мајка која навистина инспирира. Таа е мајка на бебенце, сопруга, модел и студент.
Како што истакна во нејзиното неодамнешно интервју за Женски магазин моментално е фокусирана на постпородилно закрепнување, вежби и исхрана кои помагаат на жените да се вратат во форма по пораѓај. Но, таа исто така гордо ги носи стриите кои ги добила од бременоста.
Гласно зборува за тоа и со пост на Инстаграм истакна:
„Моето тело можеби не е совршено, но кога ќе се погледнам во огледало гледам мајка.
Нема ништо поисплатливо од тоа да ги гледам овие стрии и да се потсетувам на малите удари во утробата кои сега маршираат и го освојуваат светот.
Мајки, вие сте тигрици кои ги заработија своите стрии! Никогаш не заборавајте колку вашите тела се неверојатни“.
Инкау, оваа млада 21 годишна мајка, на Инстаграм стори сподели дека луѓето се осудиле да ѝ пишат во приватна порака и да ја советуваат што да користи за да ги „среди“ стриите на што таа брутално искрено одговори:
Евгенија инспирација си и поддршка за сите мајки!
Фото: Женски магазин - архива/ Instagram
Можеби ќе ве интересира:
Пред огледало со Евгенија Ризова: Секоја жена треба да посветува време на својот изглед