ЕВН ја поддржа кампањата за заштита од пожари

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за заштита и спасување доби поддршка од ЕВН за реализација на кампањата за заштита од пожари. 

Целта е заедничка, заштита на населението, шумите и природните ресурси во летниот период кога опасностите од појава на пожарии се најголеми. Кампањата ќе се одвива од 15 јули до 15 август 2019 год. на целата територија на Република Северна Македонија преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори на заштита во случај на шумски пожари.

Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување на едукативните постери  на централни локации во Градот Скопје и на фрекфентни места, на наплатните станици, на влез на Националните паркови и на граничните премини, на  излетничките места и места близу шумите. 

Во акцијата ќе бидат вклучени сите 35 подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во сите градови во Републиката.

Целта на оваа кампањата не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен „критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор’’.