ЕВН никогаш нема да наплати од корисниците повеќе од тоа што корисниците го имаат реално потрошено

Добивај вести на Viber

Нема потреба од нервоза и вознемиреност околу сметките за потрошена електрична енергија, реагираат од ЕВН.  Ова не e генерална состојба туку поединечни случаи кои добиле или повисоки сметки од вообичаените или пониски. Уште на почетокот на вонредните мерки за справување со корона вирусот, ЕВН најави дека нема да има исклучување од дистрибутивнта мрежа на должниците од категоријата домаќинстава и ЕВН нема да реализира отчитувања на броилата во месеците март и април поради што корисниците ќе добијат за овие месци сметки со претпоставена потрошувачка. Откако ќе се изврши отчитувањето сметките ќе бидат порамнети или корисникот може да побара корекција на сметката ако забележи разлика во состојбите.

Корисниците можат да ги споредат состојбите на потрошена електрична енергија на самата сметка со состојбите на броилото и веднаш ке се разјасни се. Ако потрошувачката е приближно иста тогаш тоа е реалната потрошувачка наведена во сметките. Ако има отстапувања( повеќе или помалку киловат часа ) тогаш може да ја пријави состојбата регистрирана на броилото до ЕВН во текот на отчитувачката недела и ќе му биде изготвена коригирана сметка.

Во месеците март и април годинава отчитувањата не се реализираа поради препораките на здравствените власти и Регулаторната комисја за енергетика за да се спречи ширењето на корона вирусот. Многу од броилата некаде околу 200 000 се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо.  Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира. Да појасниме: корисниците за овие месеци добија  сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци).  По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

Значи нема да бидат оштетени корисниците во никој случај. Ако се претопставени повеќе киловат часа следната сметка ќе биде пониска и обратно, ако има помалку киловат часа во претпоставената сметка по отчитувањето наредната ќе биде повисока. На корисниците им останува и можноста во периодот додека не им е изготвена нова сметка да побараат корекција на сметката со пријавување на состојбата на потрошена електрична енергија и во ниска и во висока тарифа. Тоа се прави со јавување во Центарот за односи со корисниците, со испраќање на состојбите по електронска пошта или со посета на соодветните отворени канцеларии на ЕВН низ земјава. По пријавување ќе биде изготвена нова сметка со новите пријавени состојби. Сакам да нагласам дека ниеден корисник нема да биде оштетен. ЕВН никогаш нема да наплати од корисниците повеќе од тоа што корисниците го имаат потрошено.

Многу е важно да се нагласи дека со почетокот на мај, броилата кои се достапни се отчитани и тие сметки се порамнети. Мора да потсетиме дека  потрошувачаката на електрична енергија за време на вонредните мерки не беше зголемена. Се движеше во вообичаените рамки за овој период од годината. Некои компании го намалија своето производство или воопшто не работеа како кафулињата, рестораните и сл. со што потрошувачата кај нив се намали, но кај домаќинствата потрошувачката се зголеми некаде и двојно. Граѓаните подолг период седеа во своите домови и нормално се зголеми потрошувачката во текот на целиот ден кај домаќинствата, а посебно во периодот од 14:00 – 16:00 и од  22:00 – 07:00. Според ова корисниците за овие месеци имаат и двојно повеќе потрошено во споредба со истите месеци во минатат година и затоа кај повеќе од нив сметките се повисоки.

За надминување на ситуациите кога броилата на корисниците, од било која причина, не се отчитани и поради тоа се изготвуваат сметки со претпоставена потрошувачка (вонредни состојби, непристапност до броилото, годишни одмори и др.) креиравме и нова онлајн услуга „ Пријави состојба“. Отсега корисниците ќе можат да ги испратат до ЕВН податоците за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа од нивното броило и врз основа на овие податоци да добијат фактура за електрична енергија.

Постапката на пријавување состојба преку evnonline.mk е лесна и брза, без потреба од регистрација на профил. Најпрво се внесуваат бројот на корисник и серискиот број на броилото, основни податоци што секој корисник може да ги најде на првата страна од било која фактура. Потоа, корисникот треба да ги прочита и внесе состојбите на неговото броило за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа. На крај се внесуваат основни податоци за контакт. Согласно пријавените состојби на корисникот ќе му се изготви фактура во редовниот период на фактурирање на кој корисникот му припаѓа.