ФАЈЗЕР ПАК ЌЕ ВИ ГИ ЗЕМЕ ПАРИТЕ, ОВОЈ ПАТ ПРЕКУ ВИАГРА: Шансите да станете импотентни по прележување на вирусот се шест пати поголеми, предупредува д-р Беќаровски
Професорот Нико Беќаровски, повикувајќи се на истражување објавено во National Geographic, посочува дека прележувањето на Ковид-19 има големо влијание на машкото сексуално здравје.
Во неговата објава на Фејсбук предупредува дека Фајзер секако ќе има добивка, или од вакцината или од таблетите Виагра кои ја зголемуваат сексуалната потенција.
-Почитувани мои БАЛКАНЦИ,
Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, Pfizer пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку Viagra.
Шансите да станете импотентни по прележување на Covid-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми !!!!
П.С. вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на вијагра да завршите во болнички кревет, Ви се далеку поголеми отколку во посакуваниот.
Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк