ФАКТОР доби нов член во семејство: Почнуваме со МАШКИ МАГАЗИН!

Добивај вести на Viber

По Женски магазин и Хаштаг, нашата групација ФАКТОР од денеска е побогата со уште еден член во семејството - maskimagazin.mk Powered by Faktor.mk

Вистинскиот современ маж секогаш ќе најде соодветен избор за да го нахрани сопствениот ум. Информацијата денес е достапна многу лесно, но најважен е изворот. Затоа ние ви го нудиме МАШКИ МАГАЗИН како можност да се запознаете со новите начини на машкото визионерство! Да ги издвоиме најдобрите во изобилството од ликови кои можат да направат денот, па и животот да ви биде убав! Да Ве едуцираме со поуки, совети, модни стилови и искуства кои ќе допринесат заеднички да научиме нешто, да бидеме освестени.

Самодовербата е силата на мажот, а магазинот ќе се обиде да ви пренесе токму таква силна енергија. Жените сакаат паметни мажи со самодоверба, а МАШКИ МАГАЗИН ќе биде тука да Ве поттикне, да Ве инспирира!

Како вовед во оваа наша и ваша приказна, на почетокот ќе имате можност да го прочитате ексклузивното интервју со уметникот Михаил Корубин, сопругот на поп-ѕвездата Каролина Гочева.

Приказната ФАКТОР продолжува со МАШКИ МАГАЗИН!