Фантазија и футуризам: Џејдa Смит за прв пат во јавноста по скандалот на Оскарите - во фустан кој зборува 100 јазици (ФОТО)
Додека Вил Смит со денови е во центарот на вниманието поради немилиот настан на Оскарите кога му удри шлаканица на колегата Крис Рок, неговата сопруга Џејда успеа да го избегне медиумскиот хаос и покрај тоа што таа беше „причина“ за конфликтот.
Имено, Смит го нападна Рок за суровата шега за Џејда, а по скандалот кој го приреди нејзиниот сопруг, Џејда се немаше појавено во јавноста.
Славната 50-годишна актерка вчера за прв пат се појави и тоа на црвениот тепих на отворањето на уметнички центар во Лос Анџелес.
Џејд избра необична, прилично драматична креација, која одлично се вклопи во нејзиниот специфичен стил.
Актерката и водителка блесна во асиметричен, прекрасен фустан во златна боја кој ги откри нејзините сензуални раменици.
Таа не претера со деталите, оставајќи ја оваа тоалета да зборува сама за себе, а ја комплетираше само со висечки, златни обетки и едноставна шминка - густи, долги трепки и црвен кармин.
извор:zenablic