Фаталната заводничка Хајди Клум и овој пат топлес: Не се воздржуваше ниту да разменува нежности со него (ФОТО)
Новите фотографии од овој пар привлекоа големо внимание
Супермоделот Хајди Клум (51) не престанува да ја изненадува јавноста во изданија со кои јасно дава до знаење дека навистина не ѝ е грижа што некој ќе каже. Откако самоиницијативно ја соблече кошулата за време на неодамнешното гостување во емисијата и продолжи да прави интервју во градник, Хајди сега се појави топлес.
Во друштво на нејзиниот сопруг Том Каулиќ на францускиот остров Свети Вартоломеј таа одлучи максимално да го искористи шармот на островот, а неудобниот горен дел од костимот за капење не ја спречи целосно да ужива, па го соблече и се прошета топелес.
Таа и нејзиниот сопоруг и по пет години брак сè уште се вљубени како и првиот ден, а што точно правеле под површината на морето, завиткани еден со друг, не се знае. Сепак, тие не беа толку сами како што мислеа.
Таа никогаш не криела дека се грижи за својот изглед со напорни тренинзи и посебна исхраната, а во една прилика тренерот на германската манекенка ги откри тајните на нејзиниот прекрасен изглед и витка линија.
Во таа прилика тој раскажа како Хајди заедно со протеинската диета вежба по 90 минути секој ден, на начин што ги комбинира кардио тренингот со тренинг за сила што доведува до брзо губење на вишокот килограми, истакна за магазинот Fitness!
Инаку, Хајди и Том неодамна ја прославија годишнината од бракот на тајна церемонија во Калифорнија во 2019 година, а годишнината од големата љубов ја поминаа на плажа, каде таа позираше топлес и ги скри градите зад телото на Том.
„Не можев да најдам подобар. Те сакам Том“, напишала таа.
Со нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Сил, од кого се разведе во 2014 година, Хајди ги има децата Лени, Хенри, Џоан и Лу.
Фото:Youtube/screenshot