Фатиме Фетаи зборуваше за реакциите откако е видена во дискотека
Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, на вчерашната трибина во рамки на годинешното издание на „Пичприч“, во сатиричен стил раскажуваше за реакциите во јавноста откако беше видена како се забавува во дискотека.
Според она што го раскажа Фетаи, во дискотеката се сретнала со судија, исто така бил изненаден „што таа барала таму“ иако и истото прашање по тие норми и стандарди треба да му се постави и на судијата.
Фетаи вели дека не „признава“ вина и затоа не добила условна казна, а како и секој злосторник има намера да се врати на местото на злосторот, односно некогаш повторно би отишла во дискотека.
Taa говореше за женските права, родовото стереотипизирање, фамата која ја прават медиумите при секое нејзино појавување во јавност и позицијата на жените во општеството.