ФЕНОМЕН: Близначки имаат различна боја на кожа
Близначките од Бирмингем, Мили и Марша, имаат 11 години при што едната е со светол тен, а другата е црномуреста, додека по раѓањето имале исто боја на кожата. Марша денес има бела кожа, сини очи и руса коса, како нивната мајка белкинка, додека Мили има темна кожа, кафеави очи и црна коса и личи на татко ѝ, кој е од Јамајка.
На раѓањето помеѓу девојчињата не се гледала голема разлика, затоа што имале слична боја на кожата, но по 10 месеци таа почнала да се менува.
Каде и да се појавиле,девојчињата ги привлекувале погледите на луѓето, бидејќи било интересно што се поинакви, а често не верувале дека се близначки.
„Повеќето мислат дека сме најдобри другарки. Кога ќе им кажеме дека сме родени една по друга, се шокираат, бидејќи имаме различна боја на кожата“ – раскажува Марша.
Неидентичните близнаци се раѓаат кога два сперматозоиди ќе оплодат две различни јајце-клетки, поради што девојчињата меѓусебно личат како и другите роднини, а не како класичните близначки. Кај мешаните бракови на изгледот влијаат многу фактори, какви што се предците на родителите, комплексната пигментна генетика и други.