ФИЛИПЧЕ: Нема ризик од нов бран во скоро време, а вакцини имаме доволно, па дури и може на некои да им истече рокот
Епидемиолошката состојба е стабилна и нема опасност од нов бран на ширење на вирусот ниту пак од масовна појава на т.н. индиски сој кој е далеку повирулентен од останатите.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче кој порача дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата.
„Засега нашата процека и сите анализи кои ги правиме вклучително и следејќи ја состојбата во околните земји укажува дека голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема. Но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и затоа будно ја следиме состојбата. Има случаи на граѓани заразени со индискиот сој кои биле вакцинирани. Добро е што во огромен број, околу 97 отсто, не бараат хоспитализација и имаат лесна клиничка слика“, објасни Филипче.