Фират од „Малите Сонца“ ќе стане татко: Со убавата актерка направија „baby shower“ за малата принцеза

Добивај вести на Viber

Познатиот турски актер Берк Октај познат по улогата на Фират од серијата „Малите сонца“ ќе се оствари во улогата на татко

Имено тој со сопругата Јилдиз Чагри Атиксој, негова колешка и позната актерка од турски серии, ќе станат родители на ќерка.

По тој повод, но и славејќи го 38-миот роденден на актерката, тие органзиираа „baby shower“ забава со своите најблиски роднини и пријатели.


- Моја убава сопруго, среќен роденден. Нашите души се пронајдоа, да живеат како една - напиша згодниот актер на нивната заедничка фотографија од прославата.