„ФОРЦА“ oрганизира „ЈАДРАНСКИ денови во Скопје“
Реномираниот ресторан “ФОРЦА“ оваа година организира врвна гастрономска манифестација под името „ЈАДРАНСКИ денови во Скопје“, која ќе трае од 14-18.март.
Во тој период во ресторанот ќе се нуди специјално мени составено од одбрани специјалитети подготвени од морски риби и плодови, кои секојдневно ќе стигаат од рибарските мрежи. На менито на „ФОРЦА“ ќе се најдат свежи риби кои ќе се подготвуваат по рецептите на врвните кувари од фамилијата Гуште, кои за оваа прилика специјални доаѓаат од Биоград на море (Хрв).
Во зависност и од рибарската среќа, за време на овој единствен гастрономски фестивал, проследено со медитераснака музика, гостите на ресторанот ќе имаат прилика секојдневно да пробаат дел од најценетите видови риба: зубатац, ковач филе, бранцин, орада, туна а во понудата ќе има и ракчиња, школки,лигњи, октопод и останати морски плодови. А секое утро ќе може да уживате и во вкусната рибља чорба подготвена по рецептот на старите јадрански рибари.
„За сите вистински познавачи на вкусот на автентичната риба, но и за сите оние кои сакаат да се запознаат со вакво уникатно искуство во Скопје, ова е единствена можност да вкусат риба по традиционални далматински рецепти и да ја препознаат разликата помеѓу свежа и замрзната риба која некако е најзастапена кај нас. Свежа риба надополнета со далматинско маслиново масло и уникатни зачини од тоа поднебје ќе биде прилика да се потсетите на незаборавните вкусови на Јадранот....“, вели Андреа Јаковчевски, шеф на кујната на ресторанот „ФОРЦА“.
Гастрономското доживување ќе биде збогатено со специјални цени на морското мени, проследени со промотивна понуда на Тиквеш врвните вина од супермаркет винотеката на ФОРЦА.
Добредојдени сте!