(ФОТО)- ТАМАРА И КАТАРИНА: Ние сме супер мајки
Поп-пејачката Тамра Тодевска и моделот Катарина Ивановска кои се блиски пријателки, уживаат во дружбата со своите деца, Хана и Вања.
На својот инстаграм профил, Тамара објави заедничка слика од неа и од Катарина со децата под која пишува: Супер мајки. Хана на Тамара во април наполни две години, а синот на Катарина, Вања, во мај го прослави првиот роденден. На крајот на годината, Тамара и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски- Мачка, ќе станат родители. На интересен начин, повторно на инстаграм, пукајќи сини балони во друштво на целото семејство, Тамара објави дека чекаат син.
„ Кога дознавме за бременоста се израдувавме, затоа што и двајцата сметаме дека ова е нешто што само ќе ја надополни нашата среќа. Не мислам дека Хана ќе изгуби од нашето внимание и дека е прерано да се има второ дете. Вака ќе биде весело и многу, многу гласно“, изјави пејачката за Женски магазин.