(ФОТО) 10 „суперсили“ што ги имаат само бебињата

Сите знаеме колку сеодлични бебињата. Овие мали луѓе се фантастични суштества. Дали знаете дека тие имаат некои суперсили што ниту еден голем човек не ги поседува?


Бебињата не плачат

„Глупости, тоа е единствената работа што ја прават“, би рекол некој. Но, тоа не е така. Всушност, бебињата плачат и жалат, но тие едноставно не плачат.

Нивните солзни канали се затворени, така што тие не се во состојба да создадат солзи.

Тие се чувствуваат одлично под вода

Ова се нарекува нуркачки рефлекс. Исчезнува кога бебињата се стари околу шест месеци.

Кога бебето е потопено во вода, инстинктивно го задржува здивот и екстремитетите почнуваат да прават лебдечки движења. Тие добро го прават тоа заради амнионската течност т.е плодовата вода во која пливаа во стомакот на нивната мајка.


Тие голтат и дишат во исто време

Кај новороденчињата фаринксот е повисок отколку кај постарите лица.

Кога голтат, влезот во респираторниот тракт не е блокиран од епиглотисот. Затоа, кога тие јадат, односно пијат млеко, новороденчињата исто така можат лесно да дишат.


Доколку е потребно, бебињата можат да киваат постојано

Назалните пасуси кај новороденчиња се многу потесни отколку кај возрасните.

Затоа треба да се чистат почесто. Бидејќи бебето не е во можност да го издува носот, тој мора да користи безусловни рефлекси. Така, новороденчето може да кива без да запре додека носот не се ослободи од надразнувачи.


Заспиваат лесно

Многу луѓе мислат дека кога новороденчето заспива, треба дасе движиме и разговараме тивко.

Младите родители обично се збунети кога гледаат дека нивното дете заспива без да им пречат околните гласни звуци.


Тие имаат посебен акцент/глас

Научниците откриле дека бебињата плачат со посебен акцент, т.е глас.

Тие го добиваат тоа во матката кога ќе го слушнат гласот на нивната мајка. Кога бебето плаче мајката веднаш препознава дека тоа е нејзиното бебе.


Бебињата се многу флексибилни

Скелетот на бебето има околу 300 коски. Со возраста, многу од нив растат и се спојуваат во едно.

Но, пред да се поврзат коските, телото на новороденчето е исклучително флексибилно. Оваа природна карактеристика е неопходна за бебето да помине низ породилниот канал.


Нивниот стил на коса може драматично да се промени

Со текот на времето, бебешката коса може целосно да се промени.

Бебешката коса може да исчезне, оставајќи простор за нова коса. Поради ова, русокосите можат да станат бринети, а кадрици може да се заменат со права коса.


Истата работа може да се случи со бојата на нивните очи


Вашето бебе може да ја зголеми својата тежина и да не изгледа дебело

Во текот на првата година од животот, бебињата рапидно се развиваат.

Во овој период, тежината на бебето може да се зголеми трипати. Сепак, бебето нема да изгледа дебело бидејќи расте многу брзо.