Животна училница // Приказни
(ФОТО) Адријана Алачки со внуката во Зоолошка: Јана е сонце бабино
Адријана Алачки ужива во игрите со својата внука Јана, која има неполни четири години. „ Таа знае како да ми го направи денот убав“- напиша Алачки под фотографијата од Зоолошка, со нејзината внука.
Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.
„ Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави пејаката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ во интервју за Женски магазин.