(ФОТО) Без грешка: Бриџит Макрон во издание за жени од 19 до 99 години
Изборот на првата дама на Франција овој пат се боите кои се апсолутен хит во студените месеци.
Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Бриџит Макрон, посети дом за млади во градот Блој. Станува збор за институција финансирана од организацијата „Жолти парички“, чиј покровител е првата дама и чија цел е подобрување на животот на децата кои се лекуваат во болница.
Бриџит го помина денот дружејќи се со децата, а за оваа пригода одбра комбинација на облека во нејзин стил - маслинест блејзер со лажни џебови и впечатливи златни копчиња, црни тесни панталони, а оваа потемна варијанта ја „разби“ со светла блуза во крем боја.
Сопругата на Макрон ретко носи маслинесто зелена нијанса, што е најчест избор во есенските и зимските месеци, а сега мудро ја комбинираше со златен часовник, во слична нијанса како златните копчиња на сакото.
Овој изглед го надополни со класични црни чизми до глужд во кои веќе сме ја виделе и кои се украсени со удобни и пошироки потпетици, па затоа се многу погодни за подолги прошетки и стоење.
извор:GLOSSYфотографии:PROFIMEDIA