Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, е бремена по вторпат. Убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи објавувајќи фотографија, без да открива дополнителни детали.
Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра која лани во октомври наполни една година. Во интервју за „Женски магазин“ Бојана претходно изјави дека мајчинството многу ја променило на подобро.
- Ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене. Ќерка ми е сега во најинтересна фаза. Многу е активна, темпераментна, сака да пее и многу е музикална. Ми се исполни желбата да биде музикална на мене, затоа што татко и не е по музиката - ни откри Бојана.