(ФОТО) Брена и Наташа Беквалац со сличен стајлинг на ВИП забава

Добивај вести на Viber

Лепа Брена и Наташа Беквалац, слично облечени беа гости на новогодишна забава на еден српски бренд во Белград.

Фолк-пејачката и поп-пејачката го избраа животинскиот принт кој не излегува од мода. Беквалац избра долг фустан и чизми во крем боја, а Брена на црвениот тепих се појави во малку поспортско издание, во тигреста блуза, фармерки и високи чизми.

Забележувајќи дека се во фокусот на присутните затоа што избрале сличен мотив, двете пејачки се фотографираа заедно. Лепа Брена ќе одржи концерт во Скопје на 15 декември во ВИП Арената. 

На новогодишната забава дошле и други нивни колеги: Владо Георгиев, Жељко Јоксимовиќ, Сузана Манчиќ.