(ФОТО) Цеца како русокоса: Дали се сеќавате на оваа драстична промена?

Добивај вести на Viber

Цеца Ражнатовиќ важи за една од најубавите пејачки на Балканот, а за време на нејзината богата музичка кариера, отсекогаш работела на својот имиџ да изгледа беспрекорно.

Во 2004 година, откако го издаде албумот „Gore od ljubavi“, Цеца реши да ја промени бојата на косата. Промената беше драстична, затоа што таа од темна бринета премина во секси русокоса. Балканската sвезда го претстави новиот имиџ на концертот што го организираше на 17 јуни истата година во „Ушче“, пред 100 илјади луѓе.

Сепак, иако беше воодушевена од новата боја на коса, Цеца реши да се врати на нејзината заштитна боја по некое време, затоа што се чувствува најдобро како бринета.