(ФОТО) Цеца не крие колку ѝ годи љубовта: Од Копаоник сподели фотка со ќерката на Богдан
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува на Копаоник со своето ново момче Богдан Срејовиќ и неговата ќерка.
Заедно, тие веќе уживаат во зимската идила на оваа позната српска планина, додека се сместени во станот на Цеца, кој таа го поседува и каде престојува секоја година.
Пејачката веднаш се пофали дека тргнала на патување на Копаоник на социјалните мрежи, а денес објави видео кое е навистина големо изненадување.
Имено, откако беше обелоденето дека е во врска со Богдан, пејачката се немаше изјаснето, но денес потврди дека нивната врска е всушност многу сериозна.
Цеца сподели видео со ќеркичката на Богдан, а на видеото малата Искра ја бакнува Цеца во образ.
Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (37) од Белград.
Пред некој ден пак, Саша Ковачевиќ објави фотографија со Искра и нејзината мајка, која е поранешна сопруга на Богдан, а сегашна девојка на Ковачевиќ.
-Дино не смееше да пее за Белград: Цеца откри сè за познатата песна што ѝ ја подари Мерлин
-(ФОТО) Љубовната приказна на Цеца и Аркан: Дали тој навистина ѝ ја скрати косата?!