(ФОТО) Четири пролетни комбинации кои ќе бидат хит сезонава

Добивај вести на Viber

Ослободете ја птицата во себе. Ајде да летаме заедно оваа пролет!

Секогаш сме тука да ви предложиме парчиња со кои ќе го доведете до совршенство вашиот стил оваа пролет.

Затоа овојпат ви нудиме четири различни комбинации, во зависност од вашиот стил, како и од приликата за која ви се потребни.


1. Јакна и панталони во светло сива боја

Изгледајте како вистинска бизнис-дама на деловните состаноци оваа пролет. 

Предноста на оваа комбинација е тоа што станува збор за две парчиња (јакна и панталони) кои може да ги носите и одвоено, со најразлични комбинации. 

Марамата на чантата е едно од нашите омилени модни дотатоци сезонава. Сигурно знаете дека освен на чанта, може да се носи и околу врат, но и како моден додаток на косата.


2. Фустан со пролетен дезен

Ова е парче облека со кое сте дотерани за секоја пригода. Фустанот со асиметричен преклоп и романтичен дезен е идеален за пролетни прошетки, забави.. и што уште не.


3. Елегантен комбинезон

Доколку оваа пролет ве очекува некаква свеченост, овој елегантен комбинезон во црна боја ќе направи да заблескате. Со ваква минималистичка комбинација, доволни ви се само чанта и обувки во различна боја, и минималистички накит.


4. Тегет мантил и блуза со анимал принт 

Комбинација на жена со вкус за мода. Мантилот е дефинитивно парче кое мора да се најде во гардероберот на секоја жена во пролет. Ако изберете тегет боја, ќе имате парче кое одговара на секоја комбинација.

Животинскиот принт никогаш не излегува од мода, и изгледа одлично доколку знаете како правилно да го искомбинирате и да не претерате. Оваа блуза е доказ за тоа.


По повод празникот на жената, во продавниците на „Bella“ од денес (6-ти март) до недела (8-ми март) има акција „Плати 2, земи 3“. Оваа можност никако не смеете да ја пропуштите, бидејќи се однесува и на новата и на старата колекција.

Од пролетната колекција на македонскиот бренд „Bella“, насловена како „Bella Spring Fairytale Editorial 2020“, може да ги пронајдете и трите модни парчиња во бојата на сезоната, како и најтренди парчињата кои мора да ги имате оваа пролет во вашиот гардеробер.


Д.К.