Лесни за комбинирање: Три модни парчиња во бојата на сезоната

Добивај вести на Viber

Започнете ја пролетта пред време и најавете го најубавиот период од годината со новата колекција на „Bella“, насловена како „Bella Spring Fairytale Editorial 2020“.

Тaa ќе ви отвори нови модни димензии поради кои ќе чекорите слободно и самоуверено. Додека материјалите овозможуваат комфорт, моделот, дезените и деталите се тие коишто прават да изгледате впечатливо.

Самиот дизајн на моделите е интересен микс на романтично и минималистичко, и ќе ги задоволи дамите кои ги претендираат двата различни модни правци, а и сите оние кои сакаат да експериментираат.

Едноставно на сите би ни годела мала доза на романтична фантазија. 

Затоа ослободете ја птицата во себе. Ајде да летаме заедно оваа пролет!

1. Костим во нежна бежова боја

Сите се луди по „бојата на телото“. И тоа со причина. Парчињата облека во бежова боја изгледаат толку убави и се лесни за комбинирање

Со костимот во оваа нежна боја добивате софистициран стил, кој оддава впечаток на модерна дама. Станува збор за удобни панталони, палто, во комбинација со кошула со специфичен дезен.

2. Кошула- фустан со миди должина

Доколу барате парче со кое ќе останете забележани пролеттва, ќе се согласите дека фустанот од новата колекција на „Bella“ е вистинскиот избор.

Уникатен дезен, миди должина, ефект на кошула-фустан, идеален моден спој.

3. Пролетен мантил

Мантилот во бежова боја е едно од најбараните модни парчиња во пролет. Зошто е тоа така? Овој популарен крој на мантил дозволува да играте со комбинации и бои, а изгледа одлично и во елегантна, но и во покежуал варијанта.

Станува збор за мантил кој ќе ја одбележи сезоната што следува.

*Тука може да ги погледнете четирите модни комбинации кои мора да ги има секоја жена оваа пролет.


Д.К.