(ФОТО) Дали е ова реално: Вера има 70 години, а изгледа како тинејџерка

Добивај вести на Viber

Американската модна креаторка Вера Ванг (70) е една од највлијателните луѓе на светската модна сцена.

Нејзините креации ги обожаваат најголемите sвезди кои често ги носат на црвениот тепих на најпопуларните настани, но многумина денес се прашуваат како модната дизајнерка успева да изгледа толку младо на 70-годишна возраст.

Нејзините најнови фотографии, кои ги објави на социјалните мрежи, изненадија многумина.

Имено, таа ја откри совршената кожа без никакви знаци на стареење, без никакви брчки на лицето, што ги шокираше нејзините фанови.

„Не можам да верувам дека наскоро ќе наполни 71 година“, „Божица“, „Како е можно ова“, „Убава жена“, „Што пие, крв од еднорог?“, „Како ја негувате кожата?“, се само некои од коментарите на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Вера поминува време во изолација за време на пандемијата, во нејзиниот дом во Мајами.

Пред ситуацијата со коронавирусот, таа не беше љубител на вежбање и фитнес, иако поголемиот дел од детството го поминала во уметничко лизгање во Њујорк.

- Не сум голем љубител на вежбање, но сакам да играм голф. Јас сум ужасена во тоа, но не губам ентузијазам - изјави таа во интервју.

Вера со нејзините две ќерки


извор:alo.rs; Instagram