(ФОТО) Деа Ѓурѓевиќ ќе се мажи: По несреќата сфатија колку се сакаат

Водителката Деа Ѓурѓевиќ со години е во среќна врска со дваесет години постариот колега Младен Мијатовиќ, а како што пренесуваат српските медиуми, двојката во недела ќе се венча пред семејството и пријателите.

Како што тврди близок извор на водителката, Деа ќе го каже судбоносното „да“ само два дена по својот роденден и со спектакуларна прослава во престижен ресторант тие ќе ја крунисаат својата љубов.

- Нема потреба да чекаат за венчавка, тие уште пред два месеци имаа идеја да се венчаат за нејзиниот роденден. После несреќата само сфатија колку се сакаат и дена нивната љубов е вистинска и дека не постои причина за да на ја крунисаат со брак- раскажува изворот.

Иако првенствено сакала мала свадба, на крајот тоа ќе биде свадба со околу 200 гости. Деа откри дека би сакала меѓу нив да биде Шако Полумента, бидејќи ги сака неговите песни, особено баладите.

Деа неодамна повторно се врати на работа во утринскката програма и раскажа колку ѝ биле тешки изминатите месеци откако автобус ѝ ја откина раката.