(ФОТО) Не можев да се помрднам, а замислував дека одам: Емотивна и искрена, Деа Ѓурѓевиќ раскажа низ што помина

Со измешани емоции, водителката Деа Ѓурѓевиќ после пет месеци застана пред камерите како домаќинка на емисијата „Ново јутро“ со колегата Предраг Сарапа.

Деа од себеси очекува да биде концентрирана на работата, а од екипата која ја реализира утринската програма да ја доживува како и пред страшната сообраќајна несреќа која ѝ ја откина раката.

Нејзиниот колега истакна дека е полесно и поубаво откако Деа се вратила на работа и дека таа е упатена во се, и се чини како и да не била отсутна.

Деа за „Блиц“ со шармантна насмевка се шегува на своја сметка и вели дека се здебелила, а исто така откри и дека после консултацијата со докторот Марко Бумбаширевиќ на кој му е неизмерно благодарна, добила силни пораки за поддршка од своите најблиски.

- Ова е утрото кое сите го чекавме и со него тргнуваме во нови победи. Го чекав овој ден бидејќи тој за мене значи враќање во нормалниот живот. Се надевам дека терапијата ќе може да се вклопи со работата. Добив инструкции од докторот дека не смеам многу и напорно да работам. Добро утро ми посакаа докторите и сестрите од болницата каде се лечев. Младен ми прати порака „ Се е исто, како да не ни замина, а се јави со реченицата „добро утро на нашето најдобро утро“, така што навистина ова е нашето најдобро утро. Синоќа седев со мајка ми и другарките и кога видов дека е полноќ им реков „Ајде секој по дома, утре работам.“ Се се средува, а важна е разликата во однос на претходните месеци кога за мене беше најдобро што подолго сите со мене да бидат будни- раскажува Деа.

Новите околности ја натераа Деа да го промени својот стил на облекување и високите потпетици да ги замени со рамни чевли, а гардеробата да ја прилагоди на ситуацијата со оглед на тоа што раката ѝ е во гипс.

- Среќа што сум десничар, се испраксирав со една рака да правам чуда, нешто што ми беше незамисливо претходно. Би било потешко и почудно ако ми настрадаше десната рака- додава Деа.

Водителката вели дека сите ги интересирало од каде наоѓа толку храброст, а таа вели дека за тоа се заслужни нејзината мајка, баба, момчето Младен и најдобрите пријателки Даца, Тале и Кача, кои по секоја направена вежба ѝ велеле да направи уште една и дека таа тоа го може. 

- Кога лежев и не можев да се помрднам, замислував дека одам. Кога почнав да одам, замислував дека работам. Самата на себе постојано си задавав нови задачи и предизвици и тоа ме туркаше напред, но дури за две години, како што велат докторите, ќе бидам онаа старата Деа, тогаш се ќе се врати во нормала. Изгледа од мама несвесно научив да бидам храбра и да изгледам челично, како ледена дама која не покажува емоции. Мене физички ми беше најтешко, но мислам дека на мојата Нена психички ѝ беше многу потешко да го гледа своето дете на кое не може да му помогне. Таа не плачеше, барем не пред мене. Од друга страна, Младен ни беше поткрепа за се што не можевме- откри Деа.


Извор: Blic.rs

Фото: Vesna Lalic, RAS Srbija