(ФОТО) Девојки кои немале самодоверба го покажуваат лицето без филтри: Ги рушат денешните стандарди за убавина
фотографии: Instagram printscreen / #filerdrop
Стандардите за убавина денес се доста ригорозни, а тоа особено важи за социјалните мрежи, затоа немојте да се изненадите кога на профилите ќе видите девојки со совршена, нереално сјајна кожа и очи кои се нереално убави.
Сепак, сите девојки навистина не изгледаат вака. Нивните фотографии поминале низ филтри, Фотошоп, обработки и слично, но тоа не би било проблем ако таквите лажни или „фејк“ фотографии не ги поместија стандардите за убавина и сега секоја девојка сака да наликува на секоја, во спротивно девојките губат самодоверба, не се чувствуваат убаво и удобно во своја кожа, особено тоа е поизразено доколку имаат поизразени „недостатоци“ како што се акни.
За да го намали влијанието на ретушираните фотографии, шминкерката Саша Луиз Палари ја започна кампањата #FilterDrop во која ги охрабрува девојките и жените да објавуваат фотографии од нивниот природен изглед.
Кампањата беше започната минатата година и доби голем одзив, а се вклучи и Британската агенција за стандарди за рекламирање (АСА), која остро ги осуди рекламните активности што ги измамуваат и преувеличуваат влијанието на нивните производи.
ГАЛЕРИЈА - девојки кои се охрабрија да објават фотографии во природно издание: