(ФОТО) Доктор на науки и алергичен на естрада: Кој е првиот сопруг на Весна Змијанац?

Една од најпопуларните фолк- пејачки во поранешна Југославија, Весна Змијанац, во текот на кариерата важеше за голема заводничка, а нејзиниот приватен живот со години беше интерсен за јавноста.

Весна Змијанац и Владо Јовановиќ ја добија ќерката Николија во 1989 година 

Со оглед на тоа дека ќерката на Весна, Николија е исто така пејачка, неа ја знае пошироката јавност, но нејзиниот татко никогаш не се појавувал во јавноста.

Првиот сопруг на Весна е Владо Јовановиќ, доктор на економски науки со кој Змијанац во 1989 година ја доби Николија. По разводот со Весна, Владо повторно се ожени и во вториот брак доби уште две деца, ќерката Теодора и синот Лука. Јовановиќ никогаш не сакал јавно да се експонира, а не бил среќен ниту со одлуката на неговата ќерка Николија да се занимава со пеење.

Владо не бил среќен што неговата ќерка се занимава со пеење 

„ Мојот татко е алергичен на сѐ она што има врска со шоу-бизнисот , уште од времето кога беше со мојата мајка. Тој како доктор на науки не би ме советувал да се занимавам со пеење“, изјавила Николија. 

Весна со ќерката 

Еден од ретките моменти кога јавноста имаше можност да го види Владо е по породувањето на Николија, кога дојде во болницата да ги види ќерката и внуката.