(ФОТО) Елвир од Сараево, Јован од Торонто: Мекиќ и Јованов повторно заедно во Скопје

Добивај вести на Viber

Композиторот Јован Јованов кој живее во Канада, и неговиот пријател и соработник Елвир Мекиќ кој живее во Сараево, по долго време се во Скопје. Јован и Елвир кои одржуваа заеднички концерти и снимија неколку дуети заедно, се дружеа сношти на концертот на Здравко Чолиќ на Градскиот стадион.

„Тука сум на неколку дена. Во Сараево сум со сопругата и со синот, тој наполни шест години. Доаѓам повремено за да ги видам блиските и пријателите. Инаку, во Босна работам на моја авторска и на музика за други изведувачи“, ни изјави Мекиќ за сопругата Лејла и за синот Дарис. Мекиќ на социјалните мрежи ретко објавува приватни фотографии. 

Јован Јованов со сопругата Николина и со ќерката Малеа, од Скопје си замина во 2014 година. Прво во Холивуд, на музичко усовршување и како што вели за да си го оствари својот детски сон, а подоцна во Канада, каде што живее повеќе од три години.

„Во Канада прилично бргу се вклопивме. Го отворив моето музичко студио, направив доволно контакти во музичкиот свет и целосно работам и живеам од музика. Мојата сопруга работи во својата струка, како инженер во компанија за производство на автомобили. Ќерка ми има шест ипол години и перфектно се вклопи тука. Мене лично ми се допаѓа Торонто. Нуди доста можности да напредуваш“, ни изјави Јован Јованов во претходно интревју.

„Во Скопје ќе останам еден месец за да се видам со блиските“, ни рече сношти Јованов. (М.Џ.) 

Фото: В.Тануровски