(ФОТО) Емилија Розман ја скрати косата за да ја донира за деца болни од рак

Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман ја скрати својата долга коса по која што беше препознатлива со години, за да ја донира за изработка на перики за деца болни од рак.

„ Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација? Тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот! Адресата е: Haarwensen Postbus 244 3640 AE Mijdrecht The Netherlands
(hair donation)“, објави Розман на својот Фејсбук профил.

Таа е дипломиран дефектолог, редовен крводарител и волонтер во Црвениот крст. 

Ова хумано дело меѓу првите го направи петгодишниот Максим Кочовски од Скопје, поучен од примерот на неговата мајка Вања. И седумгодишната Јана гордо позираше со своите скратени плетенки кои ги донираше во Холандија, а својата долга коса со истата цел ја скрати и четиригодишната Миа Марија и уште многу деца и возрасни по нив.  Донациите, тие ги испратија преку здружението "ЗЕДМ Сложувалка" кое е со седиште во Гевгелија.