(ФOTO) Есенска модна инспирација: Тренди јакните на Ноне Неделковска

Добивај вести на Viber

Ноне Неделковска, која одамна не се занимава со пеење, но секогаш е интересна за јавноста, по осум години работа на брод како советник за убавина во фришоп, сега се наоѓа во својот роден Велес.

Есенските денови ги ужива во тренди модни комбинации, меѓу кои највпечатлив е нејзниот избор на јакни/капути.

1. Долг волнен капут

Квалитетен волнен капут е „must have“ за есенско-зимската сезона. Ноне ги избрала најесенските бои- маслинета и крем боја. Одличен избор за секоја комбинација- елегантна или кежуал.

2. Јакна со крзно

Тексас јакна со крзно или пак сомотна јакна во боја- топло и удобно парче кое е меѓу омилените на многу трендсетерки, како и на Ноне.

3. Спортска јакна

Секој мора да има една спортска јакна во својот гардеробер. Ноне има таква во бела боја.

Иако има 34 години, Ноне навистина изгледа како девојче, иако многу од фановите на социјалните мрежи ѝ велат дека ѝ е време за бебе и дека ќе биде најубава мајка.


Фото: Инстаграм профил на Ноне Неделковска