(ФОТО) Гингам: Дезен кој ќе биде апсолутен хит оваа есен

Добивај вести на Viber

Есента е пред прагот, затоа навреме набавете модни парчиња за претстојната сезона.

Постојат дезени кои никогаш не излегуваат од мода, а оној што ќе биде особено популарен за време на есента е гингам дезенот, односно ситно кариран принт што сигурно ќе биде омилен меѓу дамите.

Во текот на 60-тите години на минатиот век, истиот доживеа најголема популарност, па така ни познатите холивудски убавици како Мерилин Монро и Бриџид Бардот не можеа да одолеат на овој интересен дизајн. Може да биде дел од празнични, но и поелегантни стајлинзи.

Веќе на социјалните мрежи можевме да забележиме неколку комбинации со овој дезен.

Гингам принтот е присутен во форма на елегантни женски костими, панталони или јакни, а еве неколку предлози за тоа како може да се стилизира:

Фустан со мали коцки и патики секогаш е интересна комбинација. Ако на сето тоа додадете светло обоена јакна или тексас јакна, ќе биде уште подобро.

Овој принт е модерен и во покрупни коцки, ќе даде интересна нота и ќе ги освежи и прилично едноставните и обичните комбинации.
Белите панталони и блуза на овој принт сигурно ќе ја срушат монотонијата на есенските денови.


извор:zenskikutak.rs