(ФОТО) ГРАНИЦИ КОИ НЕ СЕ ПОМИНУВААТ: Парчиња облека кои се „big no“ за работа

Добивај вести на Viber

Навистина, убаво е кога дамата со стил има и бујна фантазија, но некои граници воопшто не смеат да се преминат. Лесните материјали во текот на летото се „must“ но од друга страна - кроп топови на работа ? Не ...

Иако голем број компании имаат се позачестена политика на либерален дрес код некои парчиња речиси ни во една форма не се посакувани. Можеби ќе бидете изненадени, бидејќи на памет ќе ви паднат колешки кои можеби на пример носат кроп топ, шорц, но сигурни сме дека тоа не е вашата приказна.

Погледнете ја листата од 4 модни парчиња кои треба да ги избегнувате, посебно ако одите на разговор за работа.

1. Кроп Топ


Минијатурно парче кое е апсолутен хит ова лето, идеално за плажа или прошетка, но едноставно не е за работа.

2. Познатите јапонки


Без било какво сомнение , јапонките ни се омилени во текот на летото. Одлични се за плажа, но едноставно не одат за работни состаноци ...

3. Мини сукња


Уште ако е од тексас, само продолжете си покрај работа, па на кафе. Ова парче колку и да е еден од најголемите класици над сите класици, не е деловна приказна и точка.

4. Шорц

Ова би било навистина премногу. Замислете да мора да бидете учесник на некој корпоративен панел, а вие облечени во шорц? Замисливте? Да не објаснуваме повеќе ...