(ФОТО) Холивудски стил и убавина: Јана Стојановска блесна на MAC

Добивај вести на Viber

Вчеравечер во белградската Штарк арена се одржа најголемото регионално музичко случување, Music Award Ceremony (MAC). Како дел од гостите и презентерки на наградите се појави и нашата харзиматична актерка Јана Стојановска.

Таа блесна во елегантен фустан од најновата пролетна испорака на „Bella“.

Интересните шари на фустанот и дамската фризура на актерката, направија овој изглед да биде навистина како од холивудски црвен тепих.

Актерката која изгледа одлично пред одгледалото на Женски Магазин раскажа дека одржувањето на линијата е многу коплицирана работа за неа.

 - Внимавам сѐ повеќе , вежбам но не се измачувам. Има периоди кога се чистам . На пример, неколку месеци јадам млеко и млечни производи неколку месеци не јадам. Нормално е некогаш да ти се јаде повеќе, некогаш помалку. Најсреќна сум кога работам на претстави кои бараат физичка активност. Спојувам корисно со креативно. Научив да вежбам дома со една женска,Ребека Луиз на Јутјуб, за мускулите и си возам орбитрек за кардио- кажа Ана.