(ФОТО) ХРАБРО И СЕКСИ ИЛИ МОДНА ГРЕШКА: Амал Клуни со неочекуван моден избор и трансформација

Добивај вести на Viber

По повод доаѓањето на Саманта Бери на местото главна и одговорна уредничка на магазинот Glamour во Њујорк подготвена е забава која ги собрала влијателните и познати личности . Ѕвезда на вечерта сепак не била Саманта туку Амал Клуни која ги изненадила сите со својот избор на облека.


Ваков стилски пресврт од неа не очекувал никој. Со желба да  отстапи од елегантните изданија, Амал избрала комбинација која би можеле да ја замислиме многу лесно на Кајли Гербер или Бела Хадид, и тоа како опција за некоја Хеловин забава.


Амал се одлучила за комбинација која е нешто помеѓу сценски и театарен костим, и која наиде на поделени коментари. За сега повеќето коментираат дека ова бил првата модна грешка на секогаш беспрекорно дотераната британска адвокатка.


Амал сфатила дека тој црвен корсет ќе биде „тој“ модел за кој ќе се зборува и се определила за тесни, црни фармерки и кожни рокерски чизми, што допринело дека во „пакет“ изгледа како некоја херојка.


Иако не изненади дури и нас мораме да и оддадеме признание за храброста да отстапи од вообичаеното и да си поигра со некои нови модели. Тоа ја покажува секако нејзината друга страна која е отворена за забава и експериментирање.