(ФОТО) Имала подобри стајлинзи: Џеј Ло потроши над 13.000 долари за тренерка и чанта

Добивај вести на Viber

Пејачката носеше многу скапа чанта „Хермес“ во комбинација со тренерка „Les Tien“, а целата облека чини како нечиј нов автомобил

Латино американската актерка и пејачка Џенифер Лопез беше фотографирана во Беверли Хилс, каде оствари средба со дерматолог, а по тој повод носеше нереално скапа комбинација облека, малку невешто искомбинирана.

Имено, пејачката овие денови често одеше на дерматолог, па сите мислат дека подготвува нов производ со својата нова козметичка линија „J LO Beauty“.

Латино дивата беше фотографирана многу добро расположена, а изгледаше многу освежено и убаво во тренерки и патики.

Музичката sвезда носеше зелена тренерка и црни очила за сонце што и покриваа половина од лицето, додека другата половина од лицето беше покриена со нејзината заштитна маска, со тоа таа покажува дека е многу одговорна за време на пандемијата на вирусот ковид-198.

Латино дивата носеше патики во иста нијанса на тренерки, со врзана коса во пунџа, додека во раката носеше нереално скапа чанта.

Пејачката не штедела, па нејзиниот дуксер „Les Tien“ чини 250 американски долари, додека долниот дел од тренерката чини 191 долари.

Нејзината црна чанта „Хермес Биркин Того 40“ чини 13.200 долари, па поради оваа торба целата комбинација станува екстремно скапа.


Фото: SPOT-MSBH/BACKGRID/USA/Profimedia/Инстаграм/jlo

Можеби ќе ве интересира:

Се двоуми: Џеј Ло се мисли, дали воопшто да се омажи за Родригез