Се двоуми: Џеј Ло се мисли, дали воопшто да се омажи за Родригез

Добивај вести на Viber

Дивата Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во врска од 2017 година, минатата година се верија, поради пандемијата ја одложија венчавката, а сега размислуваат дали воопшто да се земат.

Пејачата токму за оваа тема на радио, разговараше со водителот Енди Коен. Водителот низ нивниот разговор ја спомна, врската на актерот Курт Расел и актеркатаГолди Хоун, кои се заедно од 1983 година и тие никогаш не стапиле во брак.

- О да, разговаравме за тоа. Мислам на наша возраст, и двајцата сме биле во брак порано… тоа е како, дали да се венчаме? Нели, што тоа значи за нас? Едноставно, се сведува на личен избор, што сакаш да направиш?“, одоговори Лопез.

Но Џеј Ло, во разговорот откри и детали за венчавката којашто требаше да се случи во јуни.

Бев многу тажна што моравме да ја откажеме венчавката, но сфатив дека тоа може да биде јасен знак дека треба да размисли.


Фото: Инстаграм/arod

Можеби ќе ве интересира:

Зимски стајлинг од кој застанува здивот: Џенифер Лопез во секси, одмерено и шик издание