(ФОТО) Иванна Хаџиевска се присети на детството: Нема да го препознаете ова слатко девојче

Добивај вести на Viber

Стружанката Иванна Хаџиевска ја паметиме уште како водителка на емисијата „Ексклузив“ на ТВ А1, а сега е шеф на протокол на премиерот Зоран Заев.

Таа на својот профил на Инстаграм објави „ретро“ фотографија со која се сеќава на своето детство.


Во интервју за Женски Магазин, Хаџиевска откри дека како мала не и било сон да биде на телевизија.

Кога бев мала сакав да бидам ветеринар и морам да признаам дека денеска ми е многу жал што не си го остварив детскиот сон, но секојдневното помагање на бездомните животни, сè уште ми ја одржува поврзаноста меѓу желбата и реализацијата.

Главната професија низ дома кога на четири години научив да читам и пишувам, ми беше „читање вести“ од картончето од хулахопките на мајка ми, инаку А5 формат како на права спикерка, на кое со омилената розева боичка пишував исклучиво политички вести- раскажа таа.