(ФОТО) Изгледајте како Кејт Мидлтон за 40 евра

Добивај вести на Viber

За потребите на официјалната кралска фото-сесија за 70. роденден на принцот Чарлс, Кејт Мидлтон се појави во тегет фустан со точкици од брендот Алесандра Рич. Фустанот наводно го има ископирано познат шпански бренд, кој е достапен и нашиот пазар. 

Војвотката од Кембриџ е последна во низата на славните дами кои не можеа да му одолеат на специфичниот модел на фустанот со точки, со потпис на италијанската дизајнерка со лондонска адреса. 

Фустанот со долги ракави и со популарната миди должина, освен белите точки, го краси детал-бела крагна и копчиња. Цената на оригиналот изнесува дури 2.000 евра, а копијата, која е со сосема мали измени чини околу 40 евра. 

Пред војвотката, во ист фустан ја видовме актерката Абигејл Спенсер, која во него се појави на венчавката на Меган Маркл и на принцот Хари. Во истиот модел се вљубија и други познати дами, како актерката Сара Џесика Паркер и првата ќерка на САД, Иванка Трамп.