(ФОТО) ЈА РЕШИВМЕ ДИЛЕМАТА: Дезен кој е најбаран оваа пролет е токму овoј!

Добивај вести на Viber

Не се случува толку често, но понекогаш одреден принт, материјал па и колорит од една сезона се префрлаат во друга, само со одредени стилски промени кои секако ги диктира времето.

Така Неговото височество, тој фамозен КАРО ја преживеа фамозната сезона и се смести убаво во пролетните трендови, и тоа во најпопуларните. Но внимавајте, овој пролетен каро не е никако карирана кошула, па ниту миди тартна сукња, туку нешто малку пософистицирано. На пример, блејзери со овој принт, костуми и феноменални палако панталони.

Овој моден тренд нема да помине незабележано, и поради тоа им стана омилен на познатите дами, трендсетерки и на актерите и пејачките.

Причината за тоа е многу едноставна: се што ви треба за да го прикажете овој аутфит во најдобро светло е еднобојна маичка под блејзер и два до три акцесоари, салонки и сте подготвени.

Се тоа се причини поради кои модните инсајдери ви препорачуваат да вложите барем во едно парче со каро дезен, бидејќи сигурно на списокот трендови ќе се задржи уште некое време.

Како да го стилизирате овој тренд погледнете во продолжение.