(ФОТО) Јелена Карлеуша носи капут кој е тренд неколку сезони: Може да го имате и вие
Дали ова ќе биде најубавиот капут оваа зимска сезона?
Боја, комбинација, амбиент - новата серија фотографии на Јелена Карлеуша навистина изгледа неодоливо, па ги натера жените да размислат на темата- дали може да си дозволиме бел капут оваа зима? Не е лесно да се носи вакво парче во сивите зимски денови, но треба да знаете дека од пред неколку сезони, белото не е исфрлено од модните колекции. Порано правилото гласеше - „нема бело откако ќе започне есента“, а сега ситуацијата е целосно обратна!
Јелена има многу причини да го носи популарниот „teddy“ капут.
Ова само уште една во низата тренди есенски комбинации на пејачката. Комбинацијата е нежна и неодолива, бидејќи со палтото носи пастелни розови чизми, а неизоставен дел од стајлингот е нејзината омилена кожена чанта „биркин“ од Хермес.
Овие капути се во тренд веќе неколку сезони по ред, а можеби веќе еден од нив и се наоѓа во вашиот гардеробер.
Фото: Инстаграм/karleushastar
*(ФОТО) Џенифер Лопез во кафеаво од глава до пети: Носи капут кој е тренд неколку сезони