(ФОТО) Како да изгледате богато, со не толку скапа облека: 7 модни парчиња што секоја дама мора да ги има
Блогерката Ана ги советува сите жени да бидат елегантни и префинети
Шведската блогерка Ана Беј стана позната благодарение на видеата на „Јутјуб“ во кои им дава совети на сите жени кои сакаат да станат дел од високото општество.
Овој пат, инфлуенсерката, позната по прекарот „Jet set baby“, објави видео на својот канал во кое издвои седум модни совети со кои сите дами можат да бидат елегантни и да го освојат вниманието на мажите.
Ана истакна дека е клучно да се придржувате до елеганцијата, и да ја обновите вашата гардероба со одредени класични парчиња облека, како што е лелеав фустан на и едноставен блејзер, а овие два модни додатоци се строго забранети.
Подолу ви ги откриваме сите 7 модни совети:
Летен блејзер
Ана вели дека нејзиното најважно парче облека е блејзер во светла боја што може да се префрли преку маица или фустан за време на летните вечери.
- Причината за тоа е што некои вечери се ладни и треба да имаме парче што ќе може да нè загрее, а во исто време да изгледа елегантно и софистицирано - објасни таа.
Бел фустан
Друг важен дел од гардеробата е лелеав бел фустан.
- Романтичните бели фустани се совршени за лето, затоа што често се многу лесни, удобни и женствени, а во исто време се чувствувате префинето во нив. Може да го носите и во текот на денот и ноќта - вели Ана во своето видео.
Платформа наместо потпетици
- Елегантните дами не носат потпетици во текот на денот. Можете да ги носите навечер ако одговараат со облеката, но тие се дефинитивно нешто што треба да се избегнува во текот на денот - истакнува блогерката, и советува да изберете високи потпетици на платформа.
Бела ленена кошула за плажа
- Купете ленена кошула. Ленот е една од оние ткаенини што никогаш не изгледаат ефтино, бидејќи е природен материјал. Покрај тоа, ленот ќе ве лади, што ќе биде особено пријатно во текот на летните месеци. Да, точно е дека многу се гужва, но мислам дека тоа е шармот на ленената кошула - вели Беј.
Впечатлива торба за плажа
Ана ве советува да изберете плетена торба за плажа, бидејќи е многу функционална.
- Ќе ги обожавате големите плетени торби за плажа, бидејќи во нив можете да ги ставите сите свои работи и лесно се вклопуваат во скоро сите модни стилови. Купете повеќе модели, за да можете наизменично да ги менувате - советува инфлуенсерката.
Едноделен костим за капење
- Дефинитивно мислам дека сите елегантни дами треба да имаат еден едноделен костим за капење - вели Ана.
Бели шорцеви
Ана ве советува да купите неколку бели шорцеви и да ги менувате постојано.
- Инвестирајте пари во квалитетни шорцеви, кои имаат добар крој, се направени од квалитетен материјал и ги потенцираат вашите облини - тврди блогерката.