(ФОТО) Како грчка божица: Анџелина Џоли во одличен летен стајлинг

Добивај вести на Viber

Ретко можеме да ја видиме Анџелина во посветли тонови на облека. Таа е верна на црната боја, и мора да признаеме дека посветлите бои, особено белата, и стои одлично.

Овој пат, актерката се повлече од нејзината комфортна зона и носеше модел на фустан што не е карактеристичен за неа.

Плетениот долг фустан дава доза на женственост и елеганција, а ременот околу половината визуелно создава фигура на песочен часовник. Белата боја е идеална за летните денови, а во овој крој секоја жена изгледа како грчка божица.


Актерката се одлучи за кафеави сандали, кои се тренд и оваа сезона, и за бела чанта. И, во косата е стилизирана добро, бидејќи правата едноставна коса одговара совршено со овој аутфит.



Овие и слични лелејави модели, се апсолутен летен хит. Ако барате фустан во кој вреди да се инвестира и во кој ќе изгледате одлично, ова е вистинскиот модел за вас.


Фото: Profimedia

По долго време надвор од дома: Анџелина Џоли не ги симнуваше маската и ракавиците

(ФОТО) Модна нспирација за дами над 40 години: Комбинации на Анџелина Џоли