По долго време надвор од дома: Анџелина Џоли не ги симнуваше маската и ракавиците

Добивај вести на Viber

По неколку месеци, Анџелина Џоли во четвртокот за првпат беше видена надвор од дома.

45 - годишната актерка беше забележана со Вивиен, нејзината 11 - годишна ќерка, а тие двете отидоа на пазарување во предградието на Лос Анџелес, Лос Фелиз.

Мајката и ќерката, беа претпазливи и ги презедоа сите дополнителни мерки на претпазливост, па така и двете носеа ракавици и маски.

Џоли беше облечена во бел летен фустан, со розови балентанки, додека нејзината ќерка се одлучи за едноставни фармерки и сива маичка.

За потсетување, Џоли последен пат беше видена на почетокот на минатиот месец, кога беше интервјуирана од страна на „HarpersBazaarUK“, каде што зборување за изолацијата и за тоа како таа и нејзините деца се снаоѓаат за време на пандемијата.

фото: dailymail.co.uk