Животна училница // Приказни
(ФОТО) Калиопи била преубава трудница: Каква среќа беше тоа во 1990-та
- 11 Декември, 2020
Нашата поп дива Калиопи од бракот со нејзиниот прв сопруг, Ромео Грил го има синот – Пако.
Токму на бременоста со него се потсети со нејзината најнова фотографија на Инстаграм.
- Мојата најдобра година... 1990, првиот снег и јас, бремена... каква среќа беше тоа! - напиша пејачката за фотографијата на која е навистина преубава и тренди трудница.
За еден од најдобрите вокали во земјава, слободно може да кажеме дека и денес на 53 години изгледа непроменето.