(ФОТО) Калиопи со шик кошула го освои Белград

Добивај вести на Viber

Во интересна и оригинална креација беше облечена Калиопи на концертот во Белград кој се одржа во Сава центарот. Српските медиуми со пофални зборови пишуваат за емотивната вечер на белградската публика со Калиопи, особено за крајот, кога целата сала во еден глас ја пееше „Бато“.

Кожените панталони се заштитен знак на Калиопи од почетоците на нејзината кариера. Овој пат, таа ги искомбинира со необична кошула со асметричен пад. Во предниот дел, кошулата е со стандардна должина, а во задниот со должина до земја. Оваа екстравагантна креација, таа ја збогати со чизми со високи потпетици. Калиопи е препознатлива и по црната боја, а кошулата овој пат е украсена со сребрени детали.

На концертот, во првиот ред седеше Ромео Грил, поранешниот сопруг и продуцент на Калиопи. Жељко Самарџиќ и Огњен Радивојевиќ беа исто така дел од гостите на концертот. 

Фото: РАС Србија