(ФОТО) Каролина со внуката во Зоолошка: Кога ќе пораснам сакам да сум Војо

Каролина Гочева помина возбудлив ден во скопската Зоолошка градина со својата постара внука Луција, која има 7 години. Каролина и внуката ги пречека зоо аниматорот Војо Иванов, а Луција имаше можност да се дружи со животните за кои се грижат Војо и тимот на Зоолошката.

Инес, воодушевена од приемот на Војо, ѝ рекла на тетка си дека сака да биде како него кога ќе порасне. 

„Кога ќе пораснам сакам да сум Војо! Ти благодарам Војо Иванов за најдобриот ден до сега. Ќе ти дојдеме пак со идната колешка“, напиша поп-ѕвездата на Инстаграм.

Каролина во една прилика за Женски магазин изјави дека и со двете внуки, ќерките на сестра ѝ Сандра и на зетот Иван има посебен однос. Помалата Инес, има три години.