(ФОТО) КАРОЛИНА УЖИВА ВО УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Добивај вести на Viber

На десетина километри од Прилеп на падините под Златоврв се наоѓа манастирот Тресковец. Издигнат високо над карпите во планината дава прекрасна глетка во која пред неколку дена уживаше и Каролина Гочева. 

Македонската поп-ѕвезда на нејзиниот профил на „инстаграм“ се пофали дека токму ова место го одбрала за нејзината нова фотосесија, а за каква кампања станува збор допрва ќе дознаеме. 

Фотографите се на Лилика Стрезоска.