(ФОТО) Кејт Мидлтон во фустан од „Зара“ од само 700 денари

Добивај вести на Viber

38-годишната војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон, синоќа учествуваше на онлајн натпревар, каде оцени некои од најдобрите 100 фотографии направени за време на карантинот.

Сепак, она што привлече внимание кај многумина е фактот дека таа носеше фустан кој чини само околу 700 денари.

Станува збор за популарен миди фустан од „Зара“ во маслинесто зелена боја со цветен принт изработен од 50 проценти вискоза.

Фустанот чинеше близу 3000 денари, но неговата цена се намали на 700 на распродажба. Патем, ова не е првпат Кејт да  „прошета“ фустан од „Зара“. Само уште еднаш покажа колку ја сака шпанската модна куќа по низата исклучително прифатливи фустани што ги носеше и на официјалните приеми.